Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Онер Јакуповски за градоначалник на Општина Маврово Ростуше на повторените локални избори не е само локален резултат, туку јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, порака дека не се наградуваат празни зборови туку резултати – рече вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако соопшти дека тој го победил својот противкандидат од СДСМ со двојно повеќе гласови или над 1000 гласови разлика.

Оваа победа, вели тој, е резултат на концепт што постојано го градиме – скрмност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.

-Во другите општини изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Во целокупната политична слика е повеќе од јасна – со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДОМНЕ победи во вкупно 56 општини во Македонија, СДСМ во шест. Тоа не е случано тоа е јасен политички суд на граѓаните – рече Мицкоски.

Тој оцени дека денешниот изборен ден во четири општини каде имаше повторени локални избори поминал во демократска мирна и достоинствена атмосфера и оти и покрај тешките временски услови граѓаните го оствариле своето право на глас.

-Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици ова е вредност што мора да се чува и надградува без разлика на политичките разлики – рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Во Маврово и Ростуше, покрај Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ во трката за градоначалник беше и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.