Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција.
Според истите информации на МИА, станува збор за 30-годишен државјани на Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.
Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат. Според информациите на МИА од грчката крајбрежна служба, потрагата и денеска се води под лоши временски услови со силен ветер со јачина од шест бофори (над 40 километри на час), а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, чамци и бродови што се во близина и хеликоптер.
Роденденска забава на Халкидики се претвори во кошмар за тројца македонски туристи
Спасувачката акција започна вчера околу 19 часот по локално време, откако тројца пријатели од Македонија, на плажата „Мити“ во Посиди, влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите. Вчера беше спасен најмладиот меѓу нив, 25-годишник кој е во добра здравствена состојба. Последниот преостанат исчезнат македонски турист е на 28-годишна возраст.
МНР: Конзулатот е во комуникација со грчките власти, во тек е потрагата по третото момче кое исчезна во морето
По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување.
– Според досегашните информации, вчера околу 15 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од брегот. Со помош на едно приватно пловило, едниот од загрозените вчера бил спасен после два часа поминати во вода. По продолжување на потрагата денес, утрово е добиена потврда за пронаоѓање на уште еден од групата, кој исто така е во добра здравствена состојба, иако веќе подолго време бил во вода – велат од МНР.
Генералниот конзулат на Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош. Потрагата на грчката крајбрежна служба продолжува за пронаоѓање и на третиот исчезнат. За сите нови информации, јавноста ќе биде дополнително информира, велат од МНР.