Додека Хрватска повеќе од една деценија е члека на ЕУ, Македонија е прмиорана се уште да се занимава со средновековни прашања кои немаат никава врска со иднината – порача премеирот Мицкоски од Загреб потсетувајќи дека двете земји заедно станаа кандидатки за ЕУ во далечната 2005 година.
Според премиерот Македонија направила доволно во изминатите две ипол децении – го промени знамето, банканотите и уставот во неколку нварати, меѓу кои и промена на името и порача дека тоа е цената која колку е да е тешка, како политичари мора да ја прифатат за доброто на македонските граѓани.
Повторувајќи ја безрезервната поддршка на Хрватска на евроинтегративниот пат на земјава, по средбата со Мицкоски, хравтскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека споровите со соседите кои го кочат европскиот пат на Македонија се неправедни. Според него односите помеѓу Скопје и Софија се поважни за евроинтеграциите, отколку пораките кои доаѓаат од Грција околку нецелосната употреба на уставното име од македонските власти за време на јавните настапи.
– Темата која го оптоварува европскиот пат на Македонија, како што Хрватска изворно ја призна, по наше длабоко уверување е неправедна. Неправеден кон македонскиот народ и неговиот идентитет. Длабоко сме уверени дека воопшто не требаше на тој начин да бидат поставени сите овие години кои се зад нас. Мислам дека се направени толку многу отстапки од македонска страна, што ретко некој народ или држава прифатила да направи толку исчекори од нивна страна за да го забрзат патот кон членство во ЕУ. Сметаме дека тоа што се случува повеќе од 20 години е непотребно и неправедно и не е добро ниту за самата ЕУ – истакна премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Во рамки на првата официјална посета на Мицкоски на Хрватска, двете влади потпишале и спогодби за соработка меѓу двете држави во областа на образованието и здравството, кои меѓу другото предвидуваат исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти, соработка во областа на донирање и трансплантација на органи, превенција и рано откривање на карцином и стручно усовршување на македонските здравствени работници во Хрватска. Во рамки на посетата предвидено е Мицкоски да оставри средби и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер.