По петти јубилеен пат членовите на ПСД„ Бистра“ Кичево, викендов ќе го организираат Меморијалниот планинарски марш „Сашо Божиноски“, во чест на прерано починатиот претседател на ПСД„ Бистра“. Планинарите на ова друштво ќе ја посетат месноста Кадроец во близина на Кнежинскиот манастир, каде ќе се поклонат на спомен плочата во месноста викана „Собата“, поставена во чест на покојниот претседател, најави секретарот на друштвото, Зоран Јованоски.
– Во чест на нашиот прерано починат претседател на планинарското друштво Сажо Божиноски, во недела ќе организираме Меморијален марш од Кичево до месноста Кадроец на источните падини на планината Бистра. Ќе ја посетиме омилената локација на Божиноски месноста „Собата“ ,каде во негова чест пред пет години поставивме и спомен плоча. При оваа посета на овој локалитет, ќе одржиме и краток говор а ќе ги слушнеме и искуствата на нашите членови од дружбите со покојниот Сашо. Да се надеваме и да очекуваме дека ќе не послужи и времето, за да можеме да го реализираме планираниот марш на планината Бистра- нагласи секретарот на ПСД„ Бистра“, Зоран Јованоски.
Инаку на иницијатива на секретарот Јованоски, Меморијалниот планинарски марш во чест на Сашо Божиноски, друштвото традиционално го организира последниот викенд од месец мај. З.А.