Треба да размислиме кој е долгорочниот интерес на Бугарија-Македонија да биде дел од Европската Унија, или да остане исклучена земја, како и тоа дали во интерес на Бугарија е да имаме стабилен Западен Балкан или не. Ова го вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарскиот весник „24 часа“, каде одговара на прашања за тоа дали минатонеделната средба во Софија на лидерте од земјите од ЈИЕ меѓу кои беше и премиерот Димитар Ковачевски е најава за повлекување на ветото.
– Според мене, тоа се важни прашања и треба да се решат да размислиме, особено кога има јасна тенденција дека некој работи против тоа – дали навистина е во интерес на Бугарија, РСМ да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија, на пример, која не сака да го види цел Балкан е стабилен и во Европа-вели Петков, на прашањето дали неговите најави дека наскоро очекува добри вести за нашата држава може да биде причина за растурање на коалицијата со БСП и Има таков народ.
Тој понатаму истакнува дека, сите треба да размислат зошто руската држава инвестирала во својата шпионска мрежа да работи против добрососедството на Бугарија со Македонија и Западен Балкан, по апсењето на руските агенти, кои тој ги спомена и во изјавата во Благоевград.
На прашањето, дали е запознат со извештајот на историската комисија и дали има напредок за спорните прашања, Петков кусо одговара дека тие се независно тело и повика да се почекаат нивните заклучоци.