Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува во најскоро време заедничката историска комисија наМакедонија и Бугарија да излезе со резултати, јави дописникот на МИА од Софија.
– Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси – рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.
Според него, има неколку клучни аспекти – кога ќе се отворат архивите и говорот на омразата, што сме направиле како механизам против тоа.
Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот на Северна Македонија ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.
Бугарскиот премиер исто така оцени дека во моментот Западен Балкан има ризик да биде втора точка на конфликтот, поврзана со војната во Украина.
– Најлошо е Западен Балкан повторно да е регион со висок ризик на нестабилност – и од политички и од секаков вид аспект – рече Петков.