Бугарскиот премиер Кирил Петков на новинарско прашање во врска со македонскиот јазик и забелешка да го именува јазикот на државата во која се наоѓа, истакна дека во Договорот за добрососедство има јасна дефиниција за јазикот и дека Бугарија го поддржува самоопределувањето на сите граѓани.
-Во договорот за добрососедство има многу јасна дефиниција за јазикот и во тој правец апсолутно го поддржуваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија како и употребата на сите јазици како што се опишани во Уставот. Имаме полно разбирање за тоа и ќе продолжиме да ги третираме сите прашања во тој конструктивен дух – изјави Петков.
Ковачевски пак додаде дека историските прашања ќе бидат во втор план, а целта на двете влади ќе биде зближување на народите.