Фото: МИА

Пет лица, меѓу кои четворица малолетници, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Ржаничино – Таор на подрачјето на Скопје – информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, несреќата била пријавена денеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, кога патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски таблички, управувано од 17-годишник од селото Орешани, излетало од коловозот, пренесе МИА.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17 години, како и 21-годишниот сопатник Б.Г.

Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.