Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, заедно со потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, денеска се сретнаа со Ираче Гарсија Перез пратеничка во Европскиот парламент и претседателка на Пратеничката група на Социјалистите и демократите во Европскиот парламент.
Од СДСМ информираат дека на средбата се разговарало за евроинтегративниот процес на земјава, справувањето со последиците од светската криза, како и за соработката помеѓу двете сестрински партии.
Генералниот секретар, потпретседателката и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и се заблагодарија на европратеничката за досегашната поддршка што нашата држава ја добива од пратеничката група и изразиле уверување за дополнително продлабочување на соработката.
Социјалдемократите соопштуваат дека Гарсија Перез посочила оти земјава има целосна поддршка од пратеничката група на Социјалисти и демократи во процесот на интеграција во Европската унија и дека СДСМ како сестринска партија има целосна поддршка на мерките и политиките што ги презема.
Од средбата заеднички се испратени пораките за национално единство за носењето на потребните уставни измени со кои конечно ќе отворат кластерите и ќе се забрза процесот на преговори.
– Европската пратеничка Гарсија Перез изрази поддршка кон пристапот на СДСМ на граѓаните директно да им ги објаснат придобивките од социјалдемократските мерки како што се зголемувањата на минималната плата и пензиите и мерките за помош на ранливите категории, додавајќи дека во време на светска криза, граѓаните имаат најсилен сојузник токму во социјалдемократските влади – известуваат од СДСМ.