Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божиќниот ручек кој што го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.
– На божиќниот ручек кој што традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА – соопшти Кабинетот на Пендаровски.