Денешните одлуки донесени од страна на Парламентот и Владата значат поддршка на европската агенда на земјата, оценува претседателот на државата Стево Пендаровски.
– Одлуките не беа ниту малку лесни да се донесат, но ќе овозможат деблокада на европските интеграции и спроведување на неопходниот скрининг процес. Сега е потребно и ЕУ да испорача, без одложување, напиша попладнево претседателот Пендаровски на „Фејсбук“.