Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ по вторпат ќе биде градоначалник на Општина Карбинци. Тој вечерва прогласи победа, а според првичните информации за него гласале 1.376 граѓани, а кандидатката за градоначалник на СДСМ Љубица Соколовска освоила 527. Членовите на ВМРО – ДПМНЕ во Општина Карбинци веќе ја слават победат.
Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ и во наредните четири години ќе менаџира со Општина Свети Николе.
-Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалник во прв круг. Мнозинство во Советот. Благодарам Свети Николе – напиша на својот фејсбук профил Владев.