Фото: Маја Јаневска-Илиева

Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен – соопштија од Министерството за транспорт.

Посебен акцент, се посочува, е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.

– Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници.  Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот – соопштија од Министерството.

„Железници на Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“, се додава, остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници.