Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 21 година да биде домаќин и организатор на Пелагониските културно-научни средби.

Градоначалникот  на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во иднина.

-Овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 21 година. Ние оваа традиција ќе ја продолжиме и понатаму. Средбите се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, презентација на научни трудови и афирмација и поддржување на жените автори и младите дејци – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Oпштина Новаци.

Оваа година на Пелагониските културно-научни средби беше доделена наградата Повелба за животно дело на проф. Д-р Златко Жоглев и наградата „Златен клас за македонскиот вознес“ постхумно на поетот Панде Манојлов.

На средбите  беше направено и кратко претставување на застапеноста на Блаже Конески во основното училиште „ Славко Лумбарковски“ во Новаци. Средбите за прв пат беа организирани во 2001  година и досега учество зеле голем број научни дејци.

На средбите се презентираат трудови од областа на историјата и македонистиката посветени на културно-историските и духовни вредности на Oпштина Новаци, но и другите населени места од Пелагонискиот регион . Покровител на средбите е општина Новаци и Македонското научно друштво од Битолa

М.М.