Во Охрид денеска беа отворени 17-тите синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат.
На отворањето на настанот се обрати министерот Оливер Спасовски.
– Иако годинава, поради познатите состојби со пандемијата од ковид-19, на игрите ќе им недостасува оној препознатлив меѓународен карактер, сепак тоа ни најмалку не ја намалува нивната важност, односно основен мотив: негувањето на спортскиот дух, здравата компетиција, запознавањето и другарувањето. Тоа се вредности коишто и тоа како се важни, особено кога се работи за луѓе чии што професионални ангажмани се во полицијата, институција,пак, со посебен степен на одговорности, обврски и надлежности, кои што од своја страна бараат исти такво специфично ниво на лично, индивидуално и колективно професионално поведение и посветенст. Се разбира бројните пораки од меѓународните синдикални асоцијации каде што овој репрезентативен синдикат е рамноправен партнер, а во врска со оваа традиционална синдикална манифестација, покажуваат, меѓу другото, дека и синдикалните спортски игри на МПС веќе се етаблирале како значаен настан, вреднуван и почитуван меѓу партнерските организации – рече Спасовски.
Сржта на заштитата и унапредувањето на работничките и социјална права е токму синдикалното организирање, рече Спасовски. Секое општество кое што тежи кон развој и просперитет, е должно да ги негува и поддржува сите легитимни синдикални аспекти на делување.
– Конечно, има ли подобар начин за продлабочување на синдикалната солидарност од запознавањето, другарувањето, градењето заеднички дух преку здрава конкуретност и меѓусебен респект, како што тоа е спортското натпреварување од ваков тип. Уште еднаш, прогласувајќи ги за отворени 17-тите по ред Синдикални спортски игри на МПС, упатувам голема благодарност до организаторите на настанот, а на сите вас почитувани колеги што учествувате на овие игри ви посакувам одлични спортски резултати и натпреварувачки постигнувања – рече министерот Спасовски.