Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, во рамки на работната посета на Јапонија, се сретна и со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино.
На средбата, министерот Османи изрази задоволство од односите меѓу двете земји, особено во делот на културната соработка. Го поздрави делото на Кензо Танге како точка на обединување и симбол на пријателството меѓу двете земји, како и годинашното доделување на наградата „Златен венец” на јапонскиот поет, Шунтаро Таникава, во рамки на Струшките вечери на поезијата
Потоа, министерот Османи оствари средба со претседателот на Парламентарната група за соработка меѓу Македонија и Јапонија, Шинџи Иноуе и други членови на групата.
На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за теми од билатералните односи меѓу двете земји, можностите за унапредување на соработката особено во делот на економијата и бизнисот, современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз европскиот континент и Индо – Пацификот.