Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека односите во партијата се добри и оти по вчерашното потпретседателство ќе биде видлива нова енергија.
-Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар. Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави – изјави Османи во одговор на новинарско прашање.
Проблемите, вели, се слични во сите партии и организации. Проценките, како што нагласи, се прават во однос на тоа дали имате таков капацитет за да ги надминете и од секоја потешкотија да создадете можност.
-ДУИ се покажа во овие дваесет години како лидер и нов модел на одржување на динамизирање, обновување на една организација која еве 20 години нема изгубено ниту едни избори и на секои станува се послна и посилна. И ќе видите, како што реков и вчера, една нова еанергија во ДУИ и после ова централно претседателство – рече Османи, кој денеска како министер за надворешни работи заедно со косовскиот амбасадор Флоријан Ќехаја засадија дрвја во паркот во Чаир во знак добрососедство и соработка.
Османи нагласи дека вчера по партискиот состанок имало многу информации кои биле погрешни, а се однесувале на тоа дека некој бил сменет од функцијата.
-Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството – рече портпаролот на ДУИ.
Вчера се одржа соатанок на Централниот совет на ДУИ на кој присуствуваа и претставници на таканаречената „Огнена група“. Состанокот го водеше претседателот на партијата, Али Ахмети. За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организативен секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности.
Во Централниот совет ќе бидат Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.
Претседателот Ахмети за членови на Надзорниот совет ги предложи Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи.