Јордан Поп‑Јорданов

Tретиот претседател на Македонската aкадемија на науки и уметности (МАНУ), aкадемик Јордан Поп Јорданов е носител на орденот Свети Никола, кој се доделува традиционално од страна на градоначалникот на Општина Штип. Орденот ќе биде врачен постхумно на неговото семејство на 18 декември на Свечената академија во Соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.

Академик Поп Јорданов е македонски и светски познат физичар. Завршил гимназија во Штип, дипломирал филозофија во Скопје и електротехника во Белград, а докторирал на Oтсекот за техничка физика во Белград. Автор е на универзитетски учебници во државата и странство, објавил и околу 300 научни трудови. Има добиено голем број награди во областа во којашто истражувал, а бил член и на неколку академии. Во 2007 година има добиено и Орден за заслуги за Македонија.

Од Општина Штип најавија дека покрај орденот „Свети Никола“ ќе се доделат и четири признанија „Свети Никола“ по повод 19 декември, партон празникот на градот Штип.

Настаните за чествување на овој ден започнуваат на 18 декември во 16:00 часот во големата сала на Советот на Општина Штип со презентација на ликот и делото на Поп Јорданов, а ќе има и изложба која ќе се реализира во холот пред салата на совет во Општина Штип. Во 17:00 часот ќе има свечена литургија во храмот „Свети Никола“, како и свечена академија по што ќе следува доделувањето на одреднот и признијата Свети Никола. Чествувањето на патрониот празник на градот Штип продолжува на 19 декември, во соборниот храм „Свети Никола“ ќе се одржи утринска свечена литургија, а потоа литија до шеталиштетот „Ванчо Прќе“ каде и ќе се крши славскиот колач.