Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.
Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19.30 часот.
Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.
Ма.Т