Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје остварил средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
-Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран Јанковиќ. Средбата помина во пријателска атмосфера, при што разменивме значајни искуства и визии за идната соработка помеѓу Скопје и Љубљана. Добив драгоцени совети и поддршка од градоначалникот Јанковиќ, со јасна определба Љубљана да биде град-партнер и вистински пример за развојот и модернизацијата на Скопје – објави Ѓорѓиевски.

Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук

Тој вели дека посебен акцент во разговорите ставиле на најголемите предизвици со кои се соочува нашиот град – јавниот превоз и чистотата.

Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук

-Градоначалникот Јанковиќ ни даде ветување дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана поддршка за Скопје, но не само во овие сфери, туку и во секоја област во која ќе побараме помош. Договоривме интензивна соработка и зајакнување на капацитетите на градот Скопје во насока на креирање, планирање и спроведување европски проекти. Верувам дека преку ова партнерство ќе изградиме поефикасен и поевропски град Скопје, достоен за своите граѓани. Со задоволство го потврдивме статусот на побратимени градови и во таа насока упатив срдечна покана до господинот Јанковиќ за негова официјална посета на Скопје, град кој сака да учи од најдобрите – вели Ѓорѓиевски.

Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук
Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук
Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук
Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук
Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук