Фото: ЛС

Неколку дена гори депонијата кај селото Алинци, за што реагираше прилепската опозиција од СДСМ, велејќи дека се загрозува животната средина.

Од Општина Прилеп велат дека четврт ден била во тек акцијата за целосно гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци, кој според првичните информации најверојатно е предизвикан од човечки фактор.

-Во изминатите три-четири дена, под координација на ЈКП Комуналец, со максимална ангажираност и координација, работиме на справување со оваа состојба.Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и поддршката од општествено одговорни компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно со цел целосно елиминирање на огнот иако временските услови се исклучително тешки и видливоста е намалена од маглата – велат од Општина Прилеп.

Од таму ги повикуваат сограѓаните на одговорност и свесност – да не дозволат вакви ситуации, кои ја загрозуваат животната средина и здравјето.

– Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот – додаваат од Општина Прилеп. Ка.М.