Под мотото „Еко мисија,твојот потпис за природата”, општина Прилеп заедно со јавните претпријатија и со одговорни фирми, денеска реализираше еко акција за чистење на околината.
Околу 1.000 прилепчани се вклучија во акцијата за чистење на загадените предели кај селото Волково, кај Вештачјото езеро, Маркови кули….Опремени со ракавици и вреќи, граѓаните го собираа исфрленото ѓубре од несовесни поединции.
Според градоначалникот Дејан Проданоски се собрал поприлично отпад од околу 20 локации.
– Одзивот беше масовен што покажува дека граѓаните имаат сериозна еколошка свест.
Се чисти за здрава животна средина. Се вклучивме со локалната администрација и го исчистувме пределот под с.Волково каде што планураме изградба на рекреативен парк. Излетничките места треба да бидат чисти и достапни за граѓаните – рече градоначалникот Дејан Проданоски, напоменувајќи дека ќе се подигнуваат капацитетите на повисоко ниво на јавните претпријатија.
Тој истакна дека секој вклучен во вакви акции може да направи разлика.
– Нашата средина е наш дом, а домот треба да го чуваме чист! Секој вклучен во акцијата може да направи разлика. Мал чекор за нас, голема промена за нашата заедница – истакна градоначалникот Проданоски.
Во акцијата се вклучија и младите, ученици од училиштата, кои покажаа како треба да се грижат за природата, а воедно ги фарбаа дрвјата по булеварот.
Инаку од инспекторатот на локалната самоуправа велат дека оди потешко да се откријат несовесните лица кои исфрлаат отпад насекаде и да се казнат. Ка.М.






































