Општина Новаци и турската Општина Беледиуеси имаат многу разлики, но она што е заедничко и за двете е обработливата почва, земјоделието и можностите за производство на храна, ароматични растенија, украсни растенија за хортикултурно уредување и друго – беше заеднички заклучок на градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски и делегацијата од Општината Беледиуеси од Турција.

– За време на посетата на Беледиуеси, Сакариа Бујуксекир, дознавме дека општината за да обезбеди нови вработувања, со општински средства започнала земјоделско производство, до пласирање на финален производ. Ова беше многу поучно и како идеја доста корисна за нас за да ја прилагодиме во наши услови – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Општината Беледиуеси воспоставила соработка со Универзитетот за постојано усовршување на стручниот кадар и работната сила согласно потребите на пазарот.
-Општина Новаци е мала, но има големо срце. Ние сме голема општина со одлична инфраструктура, поврзаност, и важен земјоделски центар. На наша територија стопанисуваат едни од најголемите фирми во автомобилската индустрија. Но вложуваме многу во развој на земјоделството затоа направивме две компании со кои реализиравме 22 проекти и произведуваме земјоделски производи без почва, со хидропонија, оранжериско производство – рече Бедрулах Екцин, генерален секретар на Центарот за управување со кризи.

Турците пројавиле интерес за Индустриската зона во Новаци, поради близината со грчката граница и за можно оформување на парцели за продажба во Гермијан.
На економскиот форум во Турција биле присутни триесеттина стопанственици од различни индустриски гранки.
Форумот го организирале домаќините од Стопанската комора Сакариа Сатсо во Адапазари за делегацијата од Општина Новаци.
-На сите ним им беше презентирана Индустриската зона Новаци која на заинтересираните инвеститори може да им понуди 20 хектари земјоделско земјиште распределено на 15 тина парцели – изјави по враќањето од Турција, Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
М.М.