Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш заедно со претставници на Мешовитата владина комисија на Македонија, вчера во Белград, по 17 години учествуваше на првата седница на меѓувладината Мешовита комисија за спроведување на спогодба меѓу Македонија и Србија, за заштита на македонското национално малцинство во Србија како и заштита и унапредување на правата на српската заедница во земјава, пренесе МИА.
На оваа, како што соопшти Агенцијата за остварување на правата на заедниците, историска седница најпрвин се утврдуваше положбата на македонското малцинство во Србија и состојбата на српската заедница во земјава, исто така претставниците на српската и македонската заедница ги запознаа двете делегации со моделите на нивното организирање како и со проблемите и предизвивиците со кои се соочуваат.
Со седницата копреседаваше државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија Немања Старовиќ кој потенцираше дека двете држави се искрено посветени да на националните заедници им се овозможи адекватно функционирање надвор од нивните матичните држави.