Фото: Н.М.

Во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, по повод триесетгодишнината од атентатот врз првиот претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ, Киро Глигоров, денеска се одржа конференцијата „Кој и зошто пукаше во иднината на државата“.

Конференцијата ја водешеше Гроздан Цветковски, поранешен висок службеник во Министерството за внатрешни работи, а учествуваа универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и учесници од претходната конференција „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта“.

Фото: Н.М.

На конференцијата беше презентиран видео разговор со поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков, а меѓу говорниците беа и Ивица Боцевски, поранешен амбасадор на Македонија во Бразил; полковникот Зоран Јовановски; Љубомир Гајдов, поранешен надворешно-политички коментатор и професор на Штипскиот универзитет нагласи; Павле Трајанов, поранешниот министер за внатрешни работи; Зоран Петров, поранешен заменик-министер за надворешни работи; Зоран Доревски, пензиниран началник на управата за обезбедување на личности при МВР.

Фото: Н.М.