Odron
Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и ограничувања на сообраќајот на патните правци во земјата.

-Во 17.35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на лице место се полициски службеници и екипа од Македонија пат – информира МВР.

Од 18:05 часот, поради излевање на Црна река кај село Бучин во крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци село Бучин – Демир Хисар, село Бучин – село Обршани и село Бучин – село Трноци.

Исто така, од 18.15 часот е воведена забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан.

Од 18.30 часот патниот правец Пробиштип–Леговец е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна незгода и вршење увид.

Министерството за внатрешни работи преземаа соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот и апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.