Odron
Фото: МВР/Илустрација

Дежурна екипа  на „ Македонија пат“ Подружница „Автопат“ вечерва  со механизација работат на расчистување на одронот од камења кои паднаа  на автопатот наспроти железничката станица „Рајко Жинзифов“ некаде пред 21 часот, пренесува МИА.

Сообраќајот не е запрен туку полицијата го регулира наизменично, од едната па од другата страна на автопатот, додека со  „скипер“ екипата на „Македонијапат“ работи на расчистување на одроните од камења,   информира  вечерва за МИА, Бошко Цветковски технички раководител на Подружница „Автопат“.

Тој информира дека забрзано се работи на расчистување на одронот и очекува работата да заврши нешто по  22 часот.