На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници. Македонија е посветена на оваа одлука. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а за нас е исклучително важно одбранбениот буџет да значи исполнување на НАТО Целите на способности – објави попладнево министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Мисајловски заедно со претседателката Сиљановска – Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски учествуваше на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија.
-НАТО е најмоќната Алијанса во историјата, а зголемените инвестиции ќе овозможат тоа да остане така и во иднина – напиша Мисајловски.