Денес голем број почитувачи на Илинденската епопеја и припадници на политички партии, ја посетија месноста Ѓурѓејца ледина помеѓу селата Кладник и Карбуница кичевско, каде пред 121 година се одиграла славната битка на Ѓурѓејца и една од ретките победи на Илинденците во тој период.
– Поголем број почитувачи на Илинденскиот период им одадовме должна почит на македонските комити кои се спротивставиле на далеку побројниот непријател на 4-ти август 1903 година на легендарната ледина, историската Ѓурѓејца. Востаниците иако помалубројни во жестоките борби дале и триесет жртви, а од друга страна му нанеле тешки загуби на побројниот непријател меѓу другите го ликвидирале и нивниот водач Сефер Ага. Овој датум и овој локлалитет ќе останат во трајна меморија на сите генерации патриоти, бидејќи битката на Ѓурѓејца е и една од ретките победи на Илинденците во тоа време – истакна Аце Кочоски еден од почитувачите на оваа епопеја редовно присутен на одбележување на овој датум.
Инаку, во село Цер кичевско, денес беше откриена спомен плоча во чест на борците кои го положија својот живот на Ѓурѓејца.