Фото: З.А.

Со посета на спомен обележјето и споменикот на планината Лопушник беше одбележана 82-годишнината од смртта на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Околу стотина почитувачи на животот и делото на Рацин, министерот за култура Зоран Љутков, делегација на општина Велес, учесниците на ултра маратонот исто така од Велес, претставници на АРМ, како и голем број граѓани од Кичево, беа присутни на ова одбележување.

Фото: З.А.

-Речиси стотина граѓани денес го посетија спомен обележјето каде пред 82 години загина големиот поет Рацин, како и споменикот подигнат во негова чест на Лопушник. Пред спомен обележјето се поклонија делегација на родниот град на Рацин, Велес, предводена од градоначалникот Марко Колев, министерот за култура Зоран Лутков, групата маратонци кои го истрча ултра маратонот од Велес до Лопушник, делегација на АРМ, на Здржението на сојузот на борците Кичево и голем број почитувачи на животот и делото на Рацин. Историски час одржа наставничката по историја Виолета Петкоска а песни од Рацин читаше наставничката по македонски јазик, Ивана Витанска, двете од ООУ „Христо Узунов“ од село Другово – рече Михајло Петрески, носител на проектот за одбележување на овој настан.

Фото: З.А.

Министерот Љутков нагласи дека за прв пат оваа манифестација е поддржана финаниски, а подршката ќе продолжи и следните години затоа што големиот поет го заслужува тоа. З.А.