Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР.
Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на квадратен метар, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег.
Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија). Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската котлина.
Ќе почне да дува умерен северен ветер кој во вторник и во среда ќе биде засилен.
Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, на места и под -10 Целзиусови степени, а во некои региони и дневните температури ќе останат негативни.