Времето утре во попладневните часови, во текот на ноќта кон четврток и во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 20 степени, а дневната од 22 до 34 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 32 степени.
Во петок и во сабота времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и првите денови и првите денови од следната седница – информираат од УХМР.