Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Од денеска почнуваат градежните активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата.

Согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие две делници ќе се одвива во период од 30 октомври 2025 година до 28 октомври 2026 година.