Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври.
Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет.
– Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7.000 по пензионер што ги надминува оние 5.000 што ги зборувавме за време на кампањата – истакна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања.
Мицкоски во посета на Клиниката беше заедно со министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.