Времето денеска ќе биде претежно облачно, со можност за слаб локален дожд во источните делови во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени – информира Управа за хидрометеоролошки работи, пренесе МИА.
Во Скопје, претпладне се очекуваат услови за слаб дожд, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 16 степени.
Според најавите на Управа за хидрометеоролошки работи, во наредните два дена ќе има краткотрајна стабилизација на времето. Утре се очекува умерено облачно време со подолги сончеви периоди, додека задутре ќе преовладува облачно време со повремени сончеви интервали, особено во централните делови од земјата.
Од вторник повторно следува период на нестабилно време со врнежи од дожд, најпрво во западните и северните делови. Во среда и четврток ќе биде облачно со повремени врнежи низ целата земја, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога се можни и ретки грмежи.
До четврток ќе дува југоисточен ветер, кој во понеделник и вторник на места ќе биде засилен и повремено силен, достигнувајќи брзина до 50 километри на час.
































