Министерството за образование и наука (МОН), на својата интернет страница, ги објави резултатите од Конкурсот за сместување студенти запишани во прва година додипломски студии во студентските домови во академската 2024/2025 година.
Како што е наведено во Конкурсот, примените студенти треба да се вселат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.
– Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите – се наведува во објавата на резултатите на веб-страницата на МОН.
Според Конкурсот објавен во јули годинава, во 11 студентски домови во државава слободни беа 1.034 места за бруцоши.