Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот на Матка кај Скопје утре ќе се одржи Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.
Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми.
Утрото на 28 август, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција.