Фото: Нуркачки Центар Амфора

Во организација на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид се реализира голема еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад „Охрид еко“.
Акцијата беше изведена на две локации, извори Свети Наум, пристаниште Свети Наум – манастир Свети Наум.

На акцијата зедоа учество 28 нуркачи од „Амфора“, Спелеонуркачки клуб „Врело“ од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира „Амфора“.

Од дното на езерото беше извадена огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.

Проектот е реализиран со подршка на „Скопско“ ад Скопје и на ресторан „Острово“, Св. Наум.

-Голема благодарност и до ЈП „Комуналец“, Охрид кои на секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го транспортираат до депонија. Повторно ќе потенцираме дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се влеваат во езерото и носат огромни количини на отпад – вели раководителот на „Амфора“, Јован Секулоски, интернационален инструктор -тренер.

-Со реализација на проектот пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел – вистинска заштита на Охрдско Езеро – додава тој.

Фото: Нуркачки центар „Амфора“