Незавизниот синдикат за здравствени работници, остро реагира за настанот во ГОБ „8 Септември“ , односно за нападот со нож врз здравствен работник, кој се случи синоќа. Пациент прободел со нож вработен во Градската општа болница „8 Септември“, а од МВР велат дека 36-годишниот вработен бил прободен од агресивен пациент кој имал 77 години.
Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Причините за инцидентот засега не се откриени.
Незавизниот синдикат за здравствени работници во напис на социјалните мрежи пишуваат дека насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, треба да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.
– На насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми – стои во пораката на синдикатот.
Од директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараат зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции.