Новиот републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски вети дека ќе работи транспарентно, отчетно и ефикасно. Цени дека Јавното обвинителство треба да го заслужи местото кое што ѝ треба да биде единствениот орган кој се бори против корупцијата.
– Ценам дека ова што го ветувам, ќе го исполнам. Јавното обвинителство ќе биде отворено за јавноста и секако ќе бидеме во секое време достапни за предмети кои се во интерес на јавноста, рече Коцевски после свечената изјава во Собранието.
Околу тоа дали ќе отвори истрага за доцната промена на личните документи и кризата со патните исправи, јавниот обвинител информира дека денес не би сакал да навлегува во детали за одредени предмети, порача дека ЈО ќе оформи предмети за сите поднесени пријави и сите оние кои по чуен глас ќе стигнат до нив.
Најави дека ќе нема никаква селективност во однос на гонење на сторителите на кривични дела.
– За секого ако има доволно докази, ЈО ќе воведе постапка – рече Коцевски.