Регистрирани за 2.726 нови случаи на заболени од грип што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 лица.
Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите и да се следат останатите препораки.
Таа посочи дека оваа недела не е регистриран случај со смртен исход.
Во сезоната 2024/25 година досега регистрирани се вкупно 14.340 случаи на заболени од грип.