Фото: „Нова Македонија“

Нова колекторска пумпа денеска е поставена во близина на плажата Калдрма во населеното место Нов Дојран. Надлежните најавуваат подобра работа на колекторскиот систем за прочистување на езерските води.

– Ова е прва од неколкуте пумпи што ќе се постават на потегот од Нов до Стар Дојран – соопшти Јавното комунално претпријатие „Комуналец – Полин“ од Дојран.

 

Од претпријатието очекуваат да се реши проблемот со одведување на отпадните води до колекторската станица во Дојран.