Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните – од денеска на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Како што соопшти МВР, граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737

Оттаму додаваат дека Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните коишто секојдневно ги користат за нивните потреби: апликација за дозвола за оружје; потврда за моментална сопственост за возила за физички лица; потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица; Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица
Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица.

-Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина – стои во соопштението на МВР.