Обвинителите кои и досега гонеа организиран криминал и корупција, добија нови мандати. Советот на јавни обвинители одлучи дека Ивана Трајчева, Сузана Мирческа-Кузмановска, Марија Ѓоргиева, Енѓелуше Кадриу-Леши и Валентина Бислимовска ги исполнуваат условите и добро си ја работеле работата за да останат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Иако шефицата Вилма Русковска прво даде негативна оценка за работата на Бислимовска, таа ја корегирала. Па така Советот беше убеден дека таа може и натаму да гони организиран криминал.
Марија Ѓоргева е реизбрана, а била стручен соработник во Кривичен суд, па виш соработник во друг суд и била оценета од Русковска со 24 бодови. Валентина Бислимовска исто така реизбрана била приправник во Граѓански суд, па приправник, по што станала обвинител во скопското обвинителство.
– Бислимовска беше оценета негативно, па потоа, беше реоценета и доби 18 бодови. Енѓелуше Кадриу-Леши имаше 24 бодови, Ивана Трајчева добила 25 бодови. Сузана Мичевска-Кузмановска доби 18 бодови – кажа Антонио Јолевски, претседател на Советот.
Иџет Мемети објаснуваше за зошто се менувало оценувањето.
– Образложението не соодејствуваше со оценката. Образложението кај сите кандидати беше добро, а оценките негативни. Имавме нелогичности во оценувањето, а на крај и несоодветно образложение – посочи Мемети, додавајќи дека има причина да е склон кон тимот кој досега работел.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека ги поддржува сите обвинители кои и досега работеле.
– Тоа се професионални обвинители кои ги извршуваат своите работи, постапуваат по сложени предмето, а неизбирсњето ќе биде пролонгирање на постапките – истакна Јовески.
Поддршка упати и членот Љупчо Ивановски, истакнувајќи „јас ќе им дадам поддршка на обвинителите кои ја обавуваат функцијата”.
По овие коментари, претседателот Антонио Јолески рече дека треба да се внесуваат нови кадри.
Енѓелуше Кадриу-Леши која има продолжен мандат волонтирала во Академијата за судии и јавни обвинители, а во 2012 година за првпат била избрана за обвинител. И нејзината колешка Ивана Трајчева била стручен соработник, па обвинител во скопското обвинителство, по што доби и мандат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сузана Мирчевска-Кузмановска е реизбрана, а работела исто така во скопското обвинителство, по што од 2012 година до денеска работи во Обвинителството за гонење за организиран криминал.
Неизбраниот Арсим Адеми оценет со 25 бодови, останува во гостиварското обвинителство, а заедно со него и Елизабета Јосифовска од поранешното СЈО со 24 бодови. Наташа Сарамандова си остана во скопското обвинителство и добила 25 бодови од вишиот јавен обвинител во Скопје. Златко Биковски кого не му беше укажано доверба да добие функција во ОЈО-ГОКК, иако тој имаше два мандати во ова Обвинителство. Тој има 25 бода.
Позитивни оценки од Вилма Рускоска добиле обвинителите Сузана Мирческа-Кузмановска, која ја води истрагата за злоупотребите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, каде што обвинета е разрешената директорка Лидија Димова. Потоа за обвинителката Марија Ѓоргиева, во јавноста позната како внука на порашениот претседател на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев. За да добие нов мандат, позитивни оценки добила и Енѓелуше Кадриу-Леши, која е дел од полициското одделение. Последна во низата што бара нов мандат и Русковска смета дека го заслужува е Ивана Трајчева, која е застапник на обвинението за Меѓународниот сојуз, а го гони и ексгенералниот секретар Драги Рашковски.