Фото: Пиксабеј

Водостојот на Охридското Езеро викендов порасна за еден сантиметар, но уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,21 метри надморска височина, што е за 28 сантиметри пониско од просекот за март.

Врнежите дожд од пред неколку дена го подигнаа нивото на езерото за еден сантиметар, но генерално временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е 7,5 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени