Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се за еден сантиметар пониски од вчера, покажуваат денешните хидрометеоролошки мерења, додека нивото на Дојранското Езеро е без промени.
Според УХМР, Охридското Езеро е нешто над августовскиот просек, а Преспанското и Дојранското се со подпросечни вредности за август.
Кај водостоите на реките денеска нема поголеми отстапувања во однос на вчерашниот ден.