фото: Ана Голејшка Џикова

Протест против насилството врз жените и растечкиот број фемициди се одржа денес во Скопје, под слоганот „Ниту една повеќе!“.

Настанот започна во 17:30 часот пред Министерството за внатрешни работи, а продолжи кај паркот Жена Борец во 18 часот.

фото: Ана Голејшка Џикова

Протестот е поддржан од граѓанските организации „Стела“, „Маргини“, „Медуза“ и „Реактор“.
Протестот се одржа во знак на солидарност со жртвите, но и како апел до властите да ги почитуваат протоколите за заштита.

фото: Ана Голејшка Џикова

Последниот случај, убиството на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев во Велес беше посочен како трагичен пример за системска неказнивост и институционално игнорирање.

фото: Ана Голејшка Џикова