Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Имаме уште неколку тековни проекти, а јас сакам да најавам три нови затоа што нашата работа не завршува, бидејќи цело време имаме нови и нови работи коишто ги правиме. Со подршка на Министерството за транспорт и врски во моментот има активен повик за избор на изведувач кој ќе работи во населените места Моин, Прдејци и Богородица и таму ќе видиме нови улици и нови инфраструктурни зафати кои ќе значат многу и очекувам некаде до средината на август да имаме избран изведувач и во септември да ги видиме машините на терен, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски по повод пуштањето во употреба на булевар „Свети Климент Охридски” во Гевгелија.

За министерот за локална самоуправа, Златко Перински, проектите во Гевгелија се исклучително важни.

 

– Покажавме дека сме сериозен партнер на сите општини без разлика на нивната политичка припадност. Успехот и динамиката на реализацијата на проектите секако дека зависи од првиот човек на општината. Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов со визија и посветност и проактивен пристап ги води процесите и обезбедува проекти што оставаат видлива и долготрајна корист за Општината- рече Перински.

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, подвлече дека улицата „Свети Климент Охридски“ или попозната како Западен булевар, го намалува хаосот во централнато градско подрачје кој го создаваат возилата, а особено пред ОУ „Крсте Петков Мисирков“.

-Реализацијата траеше околу 4 години во околности во кои се соочивме со многубројни проблеми и предизвици за негова реализација. Чест ми е и задоволство што Гевгелија денес го добива овој суштествен капитален проект за сите граѓани. Денес Гевгелија добива една модерна обиколница во должина од 1.200 метри која е од бенефит за сите граѓани и за сите генерации, рече Сарамандов.