Фото: Н.М.

Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана, го додели признанието „Илинден“ за весникот „Нова Македонија“ за особен придонес на македонското национално малцинство во Република Албанија и придонес за македонското друштво.
Признанието се доделува на поединци или организации за нивните особени заслуги, ангажман и перманентни активности во насока на зачувување и одржување на националниот идентитет на припадниците на македонското народ во Република Албанија, како и промоција на македонските национални особености – јазик, култура, обичаи итн. Признанието го прими директорот на „Нова Македонија“, Ратко Лазаревски.

Фото: Н.М.

Претставниците на редакцијата и на „Илинден“-Тирана разговараа за проширување на заедничките проекти, во насока на афирмација на потребите на македонскиот народ во албанското општество, но и афирмирање на припадниците на македонското национално малцинство од соседните држави во Република Македонија. Ѓурѓај изрази благодарност до редакцијата за досегашните напори и заложби и за соработка и продлабочувањето на контактите помеѓу „Нова Македонија“ и македонското друштво „Илинден“-Тирана, како и весникот „Илинден“ од Република Албанија.

Фото: Н.М.