Фото:Маја Јаневска Илиева

Универзитетското студентско собрание на УКИМ упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан во Универзитетскиот кампус.

– Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и за секој нареден настан, а и ние самите ги увидовме. На наредните собири нема да има никакви говори – се наведува во објавата на Фејсбук.

Универзитетското студентско собрание на УКИМ денеска организираше собир „Заеднички час“ кој започна со седумминутен молк на преполниот кампус на Скопскиот универзитет каде што студенти и професори им оддадоа почит на жртвите во пожарот во Кочани. На настанот се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.